КЛИЕНТИ

Во 30 годишното успешно постоење на адвокатската канцеларија, испорачани се услуги на многубројни домашни и странски клиенти. Адвокаската канцеларија, од нејзиното основање до денес, застапува интереси на физички и правни лица од целиот свет. До денес, со гордост можеме да нагласиме дека канцеларијата застапува дел од најголемите компании во нашата држава. Нашата долгорочна соработка со водечките бизниси во државата сведочи за нашата посветеност кон испорака на висококвалитетни услуги во исклучително кратки рокови.

Поради рестрикции од адвокатската комора, не сме во можност јавно да ја објавиме листата на наши клиенти. Сепак, во нашата канцеларија го разбираме значењето на транспарентниот однос со нашите клиенти поради што стоиме на располагање за споделување подетални информации во согласност со позитивните норми.

За подетални информации контактирајте нè преку официјалните контакт адреси.