Љубен Ристески

a

ljuben@lawofficeristeski.com

a

Адвокат Љубен Ристески е основачот на адвокатската канцеларија со долгогодишно искуство во областа на граѓанското право. Во својата кариера, тој има застапувано значителен број клиенти со огромен успех на добиени предмети кој факт го детерминира развојот на адвокатската канцеларија. Тој започнал со застапување на нашите клиенти од осамостојувањето на нашата држава, односно од 1991 година, низ различните политички и социјални флуктуации во општеството, а тоа му дава исклучително битни познавања од правната, социјалната и политичка поставеност на состојбите во нашата држава. Во својата кариера, тој е успешно инволвиран во преговори и застапувања во комплексни предмети со значајни клиенти и зделки од значителна вредност. Од своите почетоци, адвокатот застапува во постапки пред надлежните судови во нашата држава кое искуство му дава исклучителни познавања од процедуралните закони во нашата држава. Неговиот мајчин јазик е македонскиот, а со оглед на неговиот развој во време на СФРЈ и блискоста на јазиците на поранешните југословенски држави со мајчиниот јазик, има одлични познавања од поранешните југословенски јазици.