Филип Ристески

filip@lawofficeristeski.com

A

Адвокат Филип Ристески е специјализиран во областа на деловното право. Тој испорачува правни услуги за бројни домашни и странски клиенти во застапувања пред суд, консултации и преговори. Од своите студентски денови, значаен фокус става на надградба на своите теоретски и практични знаења и е еден од неколкуте адвокати од нашата држава кој за време на своите студии го имаат претставувано својот Факултет “Јустинијан Први“ на натпреварот по меѓународна трговска арбитража “Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot“ во Виена. Своите знаења ги има надградено и преку стипендиски програми на Универзитетот “Сорбона“ во Париз, Франција, Факултетот “Буцериус“ во Хамбург, Германија, преку бројни истражувачки трудови во областа на деловното право и преку учество на бројни домашни и меѓународни семинари и конференции. Неговата магистерска теза е во областа на меѓународното деловно право и е насловена “Модалитети на плаќање на цената според домашното право и Конвенцијата на ООН за договорите за меѓународна продажба на стоки“, а неговата докторска дисертација е насловена “Неисполнувањето како основ за раскинување на купопродажниот договор во домашното и меѓународното право“. Горенаведените активности имаат огромен придонес во квалитетот на секојдневното застапување на нашите клиенти. Неговиот мајчин јазик е македонскиот, а течно ги говори англискиот и шпанскиот јазик.