ЗА НАС

 

Адвокатска канцеларија Ристески е канцеларија која нуди професионални услуги и доверлив третман за своите клиенти од 1991 година. Истата е лоцирана во центарот на Скопје, главниот град на Република С. Македонија.

Сепак, почетоците, односно темелите на долгогодишниот развој на адвокатската канцеларија се поставени во Охрид, најпознатиот туристички град во нашата држава кој е под заштита на УНЕСКО. Посветеноста кон испорака на професионални услуги и стекнатата доверба од нашите клиенти е основата на која се темели развојот и проширувањето на адвокатската канцеларија. Адвокатската канцеларија своите правни услуги ги нуди на целата територија на Република С. Македонија како и на меѓународно ниво. Врз основа на спецификите на секој поединечен случај, правните услуги на меѓународно ниво можат да бидат испорачани директно од нашата канцеларија или преку канцелариите на некои од нашите соработници во странство.

Имајќи го во предвид значењето од испорака на професионални услуги и застапување од нашиот тим, секогаш се стремиме да испорачаме квалитетна услуга која мора да биде навремена и да ги задоволи потребите на нашите клиенти. Вложениот труд, во изнаоѓање на практично и ефикасно решение за предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти, секогаш бил препознаен од нашите клиенти и е основната причина за успешното опстојување на канцеларијата во изминатите 30 години.