
За нас
Почнувајќи од 1991 година, повеќе од 35 години, Адвокатската канцеларија Ристески е една од водечките адвокатски канцеларии во Северна Македонија, која обезбедува висококвалитетни правни услуги за домашни и странски клиенти. Канцеларијата е етаблирана по својата исклучителна професионалност, деловно-ориентирани правни решенија и силна репутација во решавање на сложени корпоративни и трговски прашања.
Иако корените на канцеларијата се во Охрид, нашиот развој го предодреди актуелното седиште на канцеларијата кое се наоѓа во Скопје, главниот град и економски центар на Северна Македонија. Ваквиот развој ни овозможи да ги комбинираме длабокото локално правно знаење и искуство со модерен, меѓународен пристап кон испорака на услугите. Оваа уникатна основа ни овозможува да обезбедиме ефикасна поддршка кон домашните и странските клиенти кои работат во Северна Македонија.
Нашата адвокатска канцеларија обезбедува сеопфатни правни услуги во широк спектар на области на правото, вклучувајќи корпоративно и трговско право, странски инвестиции, спојувања и преземања, трудово право, имотно право, решавање спорови, арбитража, наплата на побарувања, усогласеност со позитивната регулатива, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, даночно право, енергетско право, наследно и семејно право, како и основање компании и корпоративно реструктурирање. Оваа широка експертиза ни овозможува да функционираме како канцеларија која во целост ги покрива потребите од адвокатски услуги за правните и физичките лица.
Во нашето неколку децениско работење, со гордост можеме да кажеме дека успешно сме застапувале илјадници клиенти, вклучувајќи меѓународни корпорации, странски инвеститори, мали и средни претпријатија и физички лица. Нашето значајно искуство во меѓународни деловни трансакции нѐ позиционираше како доверлив правен партнер за проекти за странски инвестиции и меѓународно правно советување во Северна Македонија.
Нашата канцеларија има изградено силна меѓународна мрежа на партнерски адвокатски канцеларии низ Балканот, Европа и останати јурисдикции во светот. Преку овие партнерства, обезбедуваме брзи и квалитетни прекугранични правни услуги, овозможувајќи им на клиентите координирана правна поддршка во повеќе земји. Оваа меѓународна соработка ни овозможува ефикасно да решаваме прашања поврзани со странски инвестиции, меѓународни договори, прекугранични спорови и правни прашања во повеќе јурисдикции.
Она што ја одликува нашата адвокатска канцеларија е безкомпромисната посветеност кон квалитет, прецизност и испорака на правни решенија подготвени исклучиво според потребите на клиентот. Нашиот акцент е кон стратешко размислување, експедитивност, јасна комуникација и практични правни решенија. Нашиот пристап никогаш не бил насочен само кон давање на правен совет, туку кон нудење решенија кои поддржуваат деловен раст, ги штитат правните интереси на клиентот и ги намалуваат потенцијалните ризици во работењето.
Денес, Адвокатската канцеларија Ристески претставува доверлив партнер за правните и физички лица кои бараат искусен правен тим во Северна Македонија. Без разлика дали советуваме за сложени корпоративни трансакции, помагаме на странски инвеститори или застапуваме клиенти во спорови, нашата мисија останува иста: да обезбедиме висококвалитетни правни решенија, доверливост и долгорочна вредност преку професионални правни услуги од највисок стандард.
