
Ленче Папазовска
Даночен и сметководствен консултант
Ленче Папазовска е надворешен консултант на Адвокатската канцеларија Ристески и искусен професионалец во областа на сметководството и даноците со долгогодишно искуство во работата од областа на сметководството, даноците, финансиските анализи и регулаторната усогласеност.
Таа е основач и управител на Книгоприма Консалтинг, каде што е активно вклучена во обезбедувањето сметководствени, даночни и финансиски советодавни услуги за домашни и странски компании.
Во текот на својата професионална кариера, Ленче има советувано компании од различни индустрии во однос на сметководственото работење, даночните прашања, законската усогласеност и финансиското управување. Нејзиниот практичен пристап им помага на клиентите полесно да се справат со сложените даночни и регулаторни барања, а истовремено да воспостават ефикасни и транспарентни финансиски процеси.
Особено внимание посветува на унапредување на финансиското работење на компаниите, навремено исполнување на даночните и регулаторните обврски и намалување на ризиците поврзани со неусогласеност.
Преку своето искуство и професионален ангажман, Ленче придонесува кон обезбедување сеопфатна правна, даночна и финансиска поддршка за клиентите на Адвокатската канцеларија Ристески, особено во прашања каде што правните и финансиските аспекти на деловното работење се меѓусебно поврзани.
