Политика за приватност
Оваа Политика за приватност ја опишува основата врз која сите информации што ни ги доставувате или што ги собираме од вас преку оваа веб-страница се обработуваат од наша страна. Сакаме да бидете уверени во безбедноста и сигурноста на вашите лични податоци, и затоа ве молиме да го прочитате следново за да се запознаете со нашите практики во однос на вашите информации и начинот на кој постапуваме со нив.
1. На што се однесува оваа Политика
Адвокатска канцеларија Ристески („ние“, „нас“ или „Канцеларијата“) е одговорна за обработката на вашите лични податоци и, согласно применливото законодавство за заштита на личните податоци, ја има улогата на контролор на вашите лични податоци.
Во однос на начинот на кој ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци, посветуваме особено внимание на нивната безбедност. За таа цел ја изготвивме оваа Политика за приватност, со која се објаснува:
- каков вид информации може да собираме од вас;
- како ги собираме и користиме вашите лични податоци;
- откривањето и преносот на личните податоци;
- колку долго ги чуваме вашите лични податоци;
- вашите права во однос на вашите лични податоци;
- измените на оваа Политика за приватност; и
- контакт-податоците.
2. Каков вид информации може да собираме од вас
Може да собираме и обработуваме следниве лични податоци, кои може да ни ги доставите вие или кои може да ги собереме од вас кога ја посетувате нашата веб-страница или кога се регистрирате на неа:
- Вашето име, адреса на електронска пошта и телефонски број, кога ни испраќате порака преку нашата веб-страница;
- Информации поврзани со вашето работење или деловна активност, вклучително и информации доставени во рамките на договорен или клиентски однос помеѓу вас или вашата организација и Адвокатска канцеларија Ристески, или информации што вие или вашата организација доброволно сте ги доставиле;
- Информации што може да бидат релевантни за обезбедување правен совет, вклучително, но не ограничувајќи се на лични податоци релевантни за одреден спор, предмет или друго правно прашање за кое сме ангажирани да даваме правен совет;
- Технички информации собрани за време на вашата посета на нашата веб-страница, вклучително и IP-адреса, вид и верзија на прелистувачот, поставки за временската зона, видови и верзии на додатоци на прелистувачот, вид на уред, оперативен систем и платформа;
- Информации за начинот на кој ја користите нашата веб-страница, вклучително и услугите што сте ги користеле или пребарувале, времето на одговор на страниците, грешките при преземање, времетраењето на посетите на одредени страници, информациите за интеракција со страниците (како што се движење низ страницата, кликови и движење со покажувачот) и начинот на кој ја напуштате веб-страницата.
3. Како ги собираме и користиме вашите лични податоци
Вашите лични податоци може да ги собираме во следниве околности:
- кога барате правен совет од нас;
- кога комуницирате со нас преку телефон, електронска пошта или други електронски средства, или кога ни доставувате информации, вклучително и во текот на комуникација со нашите адвокати;
- кога пополнувате формулар, испраќате барање или на друг начин комуницирате со нас преку нашата веб-страница или преку други онлајн платформи.
Вашите лични податоци ги користиме исклучиво за целите на обезбедување правни совети и правни услуги на нашите клиенти.
4. Откривање и пренос на лични податоци
Не ги откриваме личните податоци на нашите клиенти на трети лица, освен кога тоа е предвидено или наложено со закон или од страна на надлежен јавен орган, особено за потребите на спроведувањето на правдата, или кога откривањето на личните податоци е неопходно за воспоставување, остварување или заштита на нашите законски права.
5. Колку долго ги чуваме вашите лични податоци
Вашите лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои биле собрани, вклучително и за исполнување на законските, сметководствените или известувачките обврски, како и, кога е потребно, за остварување или одбрана од правни побарувања, до истекот на применливиот рок за чување или до конечното решавање на соодветното побарување.
По истекот на применливиот рок за чување, вашите лични податоци ќе бидат безбедно уништени или избришани во согласност со применливите закони и прописи.
6. Вашите права
Имате различни права во однос на вашите лични податоци, вклучително и:
- Право на пристап до личните податоци што ги чуваме за вас. Доколку сакате копија од вашите лични податоци, можете да нè контактирате преку електронска пошта на contact@lawofficeristeski.com.
- Право на исправка и ажурирање на вашите лични податоци. Нашата цел е вашите лични податоци да бидат точни, ажурирани и целосни. Доколку сметате дека податоците што ги поседуваме за вас се неточни или нецелосни, ве охрабруваме да нè контактирате на contact@lawofficeristeski.com за да можеме да ги ажурираме.
- Право на приговор и ограничување на обработката, како и право да побарате блокирање, бришење или ограничување на обработката на вашите лични податоци. Доколку сакате да престанеме со користење на вашите лични податоци, ве молиме контактирајте нè на contact@lawofficeristeski.com.
- Право на бришење на вашите лични податоци кога тие повеќе не се неопходни за целите за кои биле собрани или кога, меѓу другото, биле незаконски обработувани.
- Право на поднесување барање или претставка до надлежниот орган за заштита на личните податоци, како и право да побарате судска заштита доколку сметате дека вашите права во областа на заштитата на личните податоци биле повредени. Во секое време можете да поднесете и приговор до нас преку contact@lawofficeristeski.com.
7. Измени на оваа Политика за приватност
Го задржуваме правото периодично да ја ажурираме и изменуваме оваа Политика за приватност со цел да ги одрази промените во начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци или промените во законските барања.
Доколку во иднина направиме измени на оваа Политика за приватност, ажурираната верзија ќе биде објавена на нашата веб-страница пред да стапи во сила и, доколку е применливо, ќе бидете известени преку електронска пошта пред нејзиното стапување во сила.
8. Контакт податоци
Доколку имате прашања во врска со начинот на кој ги собираме, чуваме или користиме вашите лични податоци, ве молиме контактирајте нè на: contact@lawofficeristeski.com.
