Обезбедете целосна правна поддршка за вашиот бизнис преку уникатен модел изработен
согласно потребите на вашата компанија.
•БИЗНИС БИРО –ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА
Како адвокатска канцеларија специјализирана во областа на деловното право, за нашите домашни и меѓународни клиенти испорачуваме правни услуги преку уникатен модел кој обезбедува целосна поддршка за нивниот бизнис и најчесто ја елиминира потребата од вработување на правник во самата компанија.
Овој модел е погоден за веќе развиени компании како и за стартапи кои можат да ги користат бенефитите од истиот уште од основањето на компанијата.
Преку овој модел дизајниран со цел да ги задоволи сите потреби на клиентот, нашата канцеларија обезбедува сеопфатна правна поддршка во сите области на правото поврзани со деловните активности, како што се: Договорно право, GDPR, Право на интелектуална сопственост, Трудово право, Конкурентско право, Право на друштва итн.
Правните услуги можат да се испорачаат целосно онлајн, на локација или преку хибриден модел, во зависност од преференциите на клиентот. Плаќањето се врши врз основа намесечен паушал.
За да добиете уникатна понуда изработена согласно вашите потреби, пополнете го формуларот подолу или контактирајте нè преку е-мејл за да закажете онлајн состанок.
•БИРО ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Во нашата адвокатска канцеларија, нудиме сеопфатни услуги од областа на интелектуалната сопственост со цел да ја заштитат и максимизираат вредноста на вашите иновации и креации. Нашата експертиза ги покрива сите аспекти на правото на интелектуална сопственост, вклучувајќи регистрација на трговска марка, регистрација на индустриски дизајн, патентна заштита, управување со авторски права итн.
Без разлика дали ви е потребна заштита на идентитетот на вашиот бренд, насоки низ сложеноста на патентните пријави или правна поддршка во врска со вашите авторски права, нашиот тим ќе ви даде насоки и поддршка согласно вашите потреби.
За да аплицирате за понуда за било каква регистрација или консултантски услуги, пополнете го формуларот подолу или контактирајте нè преку е-мејл за да закажете онлајн состанок.
•БИРО ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Во нашата адвокатска канцеларија, нудиме специјализирани услуги за заштита на податоци за да ви помогнеме да се справите со комплексноста на регулативите за приватност и да ги заштитите вашите податоци. Нашите услуги вклучуваат сеопфатни решенија за усогласеност со законите за заштита на податоци.
Дополнително, нудиме можност за ангажирање офицер за заштита на податоци (DPO), со што обезбедуваме стручен надзор и насоки за сите прашања поврзани со заштита на податоци за вашата компанија.
За да аплицирате за понуда за именување на офицер за заштита на податоци или за консултантски услуги, пополнете го формуларот подолу или контактирајте нè преку е-мејл за да закажете онлајн состанок.