Ги застапуваме физичките лица кои бараат надомест на штета за повреди, оштетен имот и други загуби настанати од сообраќајни незгоди.
Нашата канцеларија им помага на клиентите во комуникацијата и преговорите со осигурителните компании и ги застапува интересите на клиентите во судски постапки за да добијат соодветен надомест за претрпената штета.
Нашите услуги вклучуваат:
- Барања за оштетен автомобил и друг имот
- Надомест за телесни повреди
- Надомест за физичка болка, душевна болка и претпрен страв
- Надомест за медицински и рехабилитациски трошоци
- Барања поврзани со намалена работна способност
- Преговори со осигурителни компании
- Парници против осигурители и одговорни лица
- Случаи со спорна одговорност
- Незгоди со неосигурани или неидентификувани возила
- Барања на членови на семејството во случаи на тешки повреди или смрт
- Извршување на досуден надомест
