Обезбедуваме правни совети за даночни прашања поврзани со деловното работење, инвестиции, трансакции и спорови со даночните органи.
Нашата работа е фокусирана на правната интерпретација и примена на даночните прописи. Кога прашањето бара и сметководствена или финансиска експертиза, соработуваме со квалификувани надворешни сметководствени и даночни експерти.
Нашите услуги вклучуваат:
- Правни совети за данок на добивка
- Прашања за данок на додадена вредност
- Обврски за задржан данок
- Даночни аспекти на комерцијални трансакции
- Даночни анализи при инвестиции и корпоративни реорганизации
- Примена на договори за одбегнување двојно оданочување
- Даночни аспекти на договори
- Ревизија на даночни договорни одредби
- Правна помош при даночни контроли
- Управни приговори/жалби против даночни решенија
- Застапување во даночни спорови
- Координација со сметководители и финансиски советници
